1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Не е предоцна Македонија да победи на изборите

Александар Чомовски27 јуни 2006

Не е предоцна Македонија да победи на изборите. Ваква порака денеска од Рашче упатија странските амбасадори во земјата. Кои во скопскотот село, каде се случи досега најтешкиот инцидент во изборната кампања, уште еднаш укажаа на сериозната на нивните предупредувања, дека политичките партии мора да го поправат впечатокот од лошиот и насилнички почеток на кампањата.

https://p.dw.com/p/Ac5P
Македонско собрание
Македонско собраниеФотографија: aptn

Четирите влијателни дипломати во Скопје настапија ултимативно и решителено: Или Стоп на насилството со фер гласање, или Стоп за македонските евро – атлански интереси, трет пат нема. Во рок од три дена тие испраќаат ваква безалтернатива порака, еден по друг. Претходно, амбасдорот на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ оствари и телефонски контакт со македонскиот премиер Владо Бучковски. За да уверат во својата решителност, амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и Велика Британија беа и во селото Рашче каде се случи последниот крвав судир меѓу симпатизерите на опозициската ДПА и владеачката ДУИ, и каде извира и водата која се користи во Скопје. Но при голема жештина, селанецот во Рашче седнат со скрстени нозе сепак изгледаше изнендаен од високата посета и црните лимузини што одвај се пробиваат по сокаците на Рашче.

Инцидентите сигнализираат неуспех

„Инцидентите и провокациите поврзани со кампањата сигнализираат неуспех на лидерствата на партиите кои учестуваат во овој вид на камапања.“ вели амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ и дополнува „Владата на САД ги подржува полициските власти, а партиските лидери да ги охрабрат симпатизиерите во истрагите за инцидентите“ изјави Миловановиќ

Американскиот амбасадор и смета отие е време да се стави крај на насилствата и на гласачите да им се овозможат услови за достоинствен избор. Одговорајќи на новинарско прашање Миловановиќ и смета дека сеуште има шанси за фер избори.

ЕУ и дава поддршка на полицијата

Европскиот амбасадор Ерван Фуере, за денеска попладне најави средба со македонскиот министер за внатрешни работи Љубомир Михајловски. Амбасадорите инсистираат на брзи судски постапки и дистанцирање на лидерите од заштита на оние кои се вмешани во инцидентите во предизборието. „Европската унија и дава целосна поддршка на полицијата. Мора да се пронајдат и казнат учесниците и иницијаторите на насилставата.“ рече Фуере

Интензивно набљудување на ОБСЕ

ОБСЕ ќе ги интензивира набљудувањата на кампањата и за време на митинзите. Во конечниот извештај ќе се анализираат и причините за инцидентите и изборните насилства вели Карлос Паиш „Имаме доверба во мулти – етничката полиција формирана во овој период. Таа треба да биде столб на заштитата на регуларноста и фер избори во мултиетничките средини.“

Предупредување на МОСТ

Покрај амбасадорите реагираше и претседателот на невладината организација МОСТ, Дарко Алексов „МОСТ повторно предупредува дека случувањата во изборните кампањи до овој степен и со ваков интензитет имплицираат дека учесницити и институциите немаат капацитет да спроведат фер и демократски избори. Учесниците во изборниот процес исто така треба да разберат дека тие и само тие ќе ја понесат одговорноста за престојните парламнетарни избори.“

Невладината организаиицја МОСТ го зголемува бројот на својот мониториг тим, на над 3.500. Во Македонија повеќе од 6.000 домашни и странски набљудувачи ќе ги следат изборите на 5 јули. Македонските власти но и опозицијата веќе не се спокојни ниту пак вината за науспешната кампања се префрла исклучиво во албанскиот политички табор.