Неформална средба Буш Саркози
12 август 2007Реклама
Американскиот и францускиот претседател, Џорџ Буш и Никола Саркози изјавија дека американско – француското пријателство е многу силно. “Франција и САД се практично сојузници веќе 250 години”, изјави Саркози по неформалната ручек средба на ранчот на родителите на Буш во Кенебакпорт. Буш додаде дека “иако двете земји имале несогласувања околу Ирак тоа не ги загрозило добрите билатерални односи”. Иако неформална, ова е прва средба меѓу Буш и Саркози.