1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Непријатен партнер

25 јуни 2007

Германската сојузна влада на почетокот на претседателствувањето на Европската унија си постави една цел: формулирање политика за иднината. Еден од нејзините столбови беше обезбедувањето енергија.

https://p.dw.com/p/B1Bc
Што ако Русија ја затвори славината за гас?Фотографија: AP

И Русија, најзначајниот европски снабдувач со гас и нафта, во меѓувреме од некои посмарачи се вбројува меѓу несигурните испорачувачи. Експертите сметаат дека таквата оценка е неоснована.

Се случи на Нова 2006 година: Русија во средината на зимата ги запре испораките на гас за Украина. Тоа беше зенит на повеќемесечниот спор околу зголемувањето на цените на рускиот гас. Последиците ги почувствуваа и повеќе земји ан Европската унија: бидејќи Украина е важна транзитна земја, и во Европската унија доаѓаше помалку гас.

Спорот меѓу Русија и Украина беше лекција, се велеше потоа во седиштето на Европската унија во Брисел. Лекција за тоа колку земјите на Унијата зависат од руските испораки: балтичките држави 100 проценти, Унгарија или Чешка повеќе од 70, а Германија 35 насто. Вкупно, Европската унија увезува гас и нафта од Русија во обем од една третина од нејзините потреби. Од тие причини германското претседателство на Европската унија презеде задача соработката во енергетската област со Русија да ја постави врз нови основи. Со новиот договор за партнерство, тоа требаше да биде и правно фиксирано. Направено е малку. Почетокот на преговорите со месеци го блокира полската влада со нејзиното вето. Причината е бизарниот полско-руски спор за извоз на месо во кој обете страни покажуваат мала готовност за компромис и тука Германија малку можеше да помогне.

Роланд Гец, експерт за Русија од Фондацијата наука и политика, сепак предупредува пред хистерија во одност кон Русија. Тој смета дека постои мала опасност руските фирми да ги запрат нивните испораки за Европа:

„Овие фирми ќе страдаат од големи загуби. Не само тоа, туку ќе бидат отстранети од европскиот пазар. Такво сценарио е невозможно, скоро гротескно. Тие фирми имаат само една цел: да заработат пари и нив ги заработуваат на европскиот пазар. Затоа сметам дека таквите претпоставки се голи шпекулации„.

Зависноста е меѓусебна, смета експертот Гец. На руските фирми им е потребен европскиот пазар подеднакво како и на Европејците руската енергија:

„Големите клиенти не можат да се уценуваат. Прашањето се поставува кај малите држави, на пример кај балтичките, врз кои може да се изврши извесен политички притисок, зашто тие земји за руските извозници не се толку важни како големите потрошувачи„.

Значи, ако Европската унија настапи решително, тогаш барем за нејзините членки нема да постои голема опасност.