1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

211211 Nähe Politik Wirtschaft

22 декември 2011

Меѓу политичарите на власт и менаџерите често има врски кои вчудовидуваат. Една таква поврзаност од времето кога бил покраински премиер на Долна Саксонија, му претставува проблем на сојузниот претседател Кристијан Вулф.

https://p.dw.com/p/13XeY
Кристијан Вулф, Сојузен претседател на ГерманијаФотографија: dapd

Некои го нарекуваат „филц“ и во него гледаат причина за корупција, за други пак, тоа едноставно е важно за сопствената кариера. Во Келн стана дури и легенда - „Келнската дружба“, како што се вика, е составен дел на политичката култура во овој град.

„Парите и моќта се привлекуваат“

Во Келн, притоа, важи основниот принцип: „Се знаеме, си помагаме“. Реченица што може да се пренесе и врз главниот град на покраината Долна Саксонија, Хановер, и кругот на пријатели на сојузниот претседател Кристијан Вулф. Претприемачот Егон Гееркенс важи за „стар пријател“ на Кристијан Вулф. Кредитот за куќа што Вулф го добил од сопругата на Гееркенс, Едит, може да се оцени како пријателска услуга. Брачниот пар Гееркенс не мора да има политички или економски предности поради тоа.

Gerd Langguth Politologe Universität Bonn und Autor
Герд Ланггут, политикологФотографија: picture-alliance/ZB

Истражувачот на партиите, професор Герд Ланггут од Бон, во тоа повеќе гледа друг мотив: „Секогаш има луѓе кои сакаат да се близу власта“, вели тој. „Токму во еден покраински главен град како Хановер, премиерот е навистина величина. Да се биде негов познаник, од него да се добие покана за летен пикник, тоа се работи кои за одредени луѓе се исклучително важни.“

Олигарх, сива еминенција, или едноставно само „добар пријател“?

Близина до власта - тоа се чини е единственото кон кое стреми претприемачот Карстен Машмајер. Неговото име, во меѓувреме, е речиси исто толку често споменувано, како и името Гееркенс. Машмајер важи за човек кој има особено добри врски во Хановер. Тој е претприемач во финансиската сфера и основач на претпријатието АВД. Неговото богаство се проценува на околу 650 милиони евра. Значи има доволно пари за една или друга пријателска услуга. Машмајер во 1998 -ма година учествуваше во покраинската кампања на подоцнежниот канцелар, Герхард Шредер. Тој наводно дал околу 330.000 евра за огласи во дневните весници. Но, не му прискокнал напомош само на социјалдеморкатот Шредер, туку Машмајер го отворил паричникот и за христијанскиот демократ Кристијан Вулф. Во 2007-ма година тој наводно финансирал огласи за книгата на Вулф, но без за тоа Вулф да биде информиран.

Deutschland AWD Carsten Maschmeyer
Карстен Машмајер, бизнисменФотографија: picture-alliance/ dpa

Транспарентноста е задолжителна

Мрежите на познанства, како во Хановер, отсекогаш постоеле и ќе постојат. Да се поврзеш со другите - гласи препораката за сите кои сакаат да направат кариера. Кристијан Хумборг, раководител на организацијата „Транспаренси Интернешенал“, сепак, бара мрежите да бидат предмет на опсервација: „Важно е - која е целта на поврзаноста, колку таа мрежа е отворена? Решавачки е кои лица се поврзани и дали тие лица се на особено одговорни функции.“

Хумборг го критикува односот на Сојузниот претседател кон настаните во Хановер. „Основното правило што им го препорачуваме на сите оние што носат одлуки е да обезбедат транспарентност, зашто тоа може да биде разумен индикатор за тоа дали треба да се одговара за она што се прави.“

Автор: Јерг Брунсман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска