Тој е еден од најстарите, најголемите и најубави пазари во светот со традиционални знаетчиски производи, зачини и слатки. Големиот затворен пазар во турската метропола Истанбул постои од 15. век и под неговиот покрив имало и има преку 4000 продавници распоредени на 80 улици.