1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Необичен турист изгубен во „асфалтната џунгла“

СН/ агенции
25 март 2019

Див азиски слон кој се одвоил од своето стадо го „посети“ градот Менга во провинцијата Јунан, во југозападна Кина.

https://p.dw.com/p/3Fbes
Elefanten auf Sri Lanka
Фотографија: picture-alliance/dpa

Видео-снимките на кинеската телевизија, го прикажуваат огромното животно кое изгледа изгубено додека ги „истражува“ градските улици. Неочекуваниот гостин, меѓутоа, не предизвикал никакви проблеми и неговата градска „екскурзија“ завршила по неколку часови. Властите во Менга цело времевнимателно ги набљудувале движењата на слонот,  за конечно да го одведат на сигурно. Азиските слонови, заштитен вид во Кина, се најголемите копнени животни во Азија.

Повеќе во следниов видео-прилог: 

Див слон на неочекувана „екскурзија“ во кинески град