Необичен обид за бегство од затвор во Бразил
6 август 2019Клавино да Силва носеше гумена маска и перика за да избега од затворот во Рио, очигледно планирајќи да ја остави својата ќерка во затворот, соопштија властите во Рио де Женеиро. Да Силва, познат и како „Шорти“, се обиде да го напушти затворот во западниот дел на Рио де Женеиро облечен во облеката на својата ќерка, но неговата нервоза го издала, соопштија официјалните лица од затворот.
Очигледно неговиот план бил да ја остави својата ќерка (19) во затворот. Полицијата ја испитува нејзината соучеснична улога во неуспешниот обид за бегство од затворот Герицино.
Претставник на управата во затворот објави фотографија и видео во кое се гледа како Да Силва ја вади маската и соблекува дел од облеката, и го кажува своето целосно име.
Властите соопштија дека Да Силва бил дел од раководството на Црвена команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во голем дел во Рио.
По неуспешниот обид за бегство, Да Силва е преместен во затвор со максимална безбедност и ќе се соочи со дисциплински санкции, соопштија официјалните лица.