1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Италија прва пречка за С. Македонија на патот кон Катар

БГ
26 ноември 2021

Македонската репрезентација немаше среќа во жрепката за плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Прв противник е актуелниот европски првак Италија на гостински терен.

https://p.dw.com/p/43YIM
Северна Македонија Фудбал СП
Славје на македонските репрезентативци по пласманот во баражот за СПФотографија: Petr Stojanovski /DW

Европскиот првак Италија ќе биде првата пречка за репрезентацијата на Северна Македонија на патот кон Светското првенство во Катар следната година. Македонската репрезентација беше извлечена во Групата Ц од плеј-офот, а доколку ја мине Италија, во финалето ќе ја очекува победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција. И првиот меч, и евентуалното финале, македонските репрезентативци ќе треба да го играат на гостински терен. 

„Многу тешка жрепка за нас“, рече веднаш по извлекувањето селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини.
„Северна Македонија е добар тим и доколку победиме ќе мораме да го играме финалето на гости против Турција или Португалија“, рече Манчини. 

Роберто Манчини
Италијанскиот селектор Роберто МанчиниФотографија: Pool via REUTERS

Првиот меч, нагости против Италија, македонските репрезентативци ќе го играат на 24 март, а евентуалното финале ќе се игра на 29 март. 

Во Групата А, Шкотска ќе биде домаќин на Украина, додека Велс ќе ја пречека Австрија.

Во Групата Б, Русија се соочува со Полска, а Шведска ја пречекува Чешка.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември следната година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема