Нема примирје со терористи
24 октомври 2007Изјавите на двајцата министри, ирачкиот Хосјар Зебари и неговиот турски колега Али Бабакан на прес-конференцијата беа релативно дипломатски. Така, Зебари:
„На ниту една партија или грпа, вклучувајќи ја ПКК, нема а и дозволиме да ги влоши нашите билатерални односи. На турскиот министер му ветивме дека ирачката влада активно ќе и помогне на Турција да го реши проблемот„.
Како, Зебари не објасни. Само најави дека ќе бидат спречени патиштата за снабдување на ПКК и ќе ги затвори нивните финансиски извори, иако обете се тешко остварливи.
Од своја страна, турскиот министер Али Бабакан со став:
„Имаме повеќе средства за борба против тероризмот: економски и културни, политички дијалог, дипломатија, но и воени акции. Мораме секое од нив да го спроведеме со посебна стратегија и во соодветно време„.
Бабакан го одби примирјето што го најави ПКК. Примирје е можно само меѓу две држави и две армии, но во овој случај Турција има работа со терористи.