1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема подобра референца за Македонија од успешните економски приказни

Тони Гламчевски 31 октомври 2007

Министерот за странски инвестиции на Владата на Република Македонија, Веле Самак во интервју со Тони Гламчевски зборува за можностите и привлекувањето на странски инвестиции во Македонија.

https://p.dw.com/p/Bzde
Веле Самак, министер во македонската ВладаФотографија: DW

Господине Самак, ова е првпат да доаѓате во посета на еден од економски најразвиените региони во Франција, можеби и во Европа, Алзас. Што им пренесовте на стопанствениците и инвеститорите што работат во овој дел од Франција, бидејќи се знае дека Алзас се наоѓа на тромеѓето меѓу Германија, Франција и Швајцарија?

Веле Самак: Ова е наша прва посета на еден специфичен регион од Франција. Она што го забележуваме од петата посета на Франција оваа година е дека се создава заврзан моменум на интерес кај француските фирми за инвестирање и експанзија преку Македонија. Претежно поради тоа што се гледаат се повеќе претисоците на светските трендови за така наречената релокација на трудот, за барање на нови екпанзиони места, за барање на локации со поефтини трошоци, за да се допрат и создадат нови пазари. Главниот интерес останува Источна Европа, како еден нов растечки пазар, и пошироко Европа како еден поголем регион. Она што го гледаме од оваа посета е дека фнранцуските фирми, како мали така и големи бараат се повеќе не само ефтина работна рака, туку и база каде што ќе искористат таа работна рака и ниски трошоци за да изградат еден траен и оддржлив бизнис, што во иднина ќе им носи се повеќе профит и ќе пренесува се повеќе развој во Македонија.

Ја следев вашата посета во Алзас, ме изненади фактот дека Французите многу малку знаат за Македонија. Што треба да се направи за да се подобри сликата за Македонија кај француските стопанственици и потенцијални инвеститори?

Веќе една година покрај оваа голема и организирана иницијатива на Владата да се промовира Македонија и да ги привлечеме странските инвсетитори, сé уште за околу 90% од контактите кои досега ги имам направено, Македонија е непозната земја. Значи не фигурираме. Ако не сум јас тука да разговарам со шефовите на претпријатијата, за можностите да инвестираат во Македонија, едноставно тие не гледаат друг извор на информации. Затоа останува нашата определност да ги продолжиме овие директни кампањи и да им укажиме на точните и реалните инвестициони можности во Македонија. Значи покрај овие директни средби со шефовите на странските фирми, исто така ги користиме овие моменти со изјави во печатот, поготово во економските весници. И со дикусии на помали тркалезни маси каде што ќе може пошироко да се пренесе таа порака, за да се добие ширина во интересот исто како и за релните можности во Македонија, а покрај ова овојпат во Франција првпат користиме успешна приказна на француски бизниси во Македонија. Тоа го користиме како прилика да покажеме дека француските фирми не одат сами туку во добро друштво на француски фирми заинтересирани за успех и да привклекуваат други слични фирми. Овој заеднички настап е прв ваков и претставува дополнителен кредибилитет за она што го нудиме во Македонија. Остануваме доследни на овој процес и очекуваме, јас лично очекувам за наредните шест до дванаесет месеци, барем пет до шест позитивни одлуки во корист на Македонија.

И самите рековте дека во Вашите настапи во Франција посебно во Алзас бевте поддржани до француските бизнисмени, претприемачи и деловни луѓе и инвеститори во Македонија кои веќе успешно десетина години работат таму. Што е малку необично да ги викаат нивните колеги од Алзас да дојдат да инвестираат во Македонија? Како дојде до таа соработка со француските стопанственици?

Дел од процесот за привлекување инвестиции подразбира и поддржување на домашната економија, подразбира поддржување на успешните фирми во Македонија кои инвестирале од странски капитал. Значи ако имаме успешни приказни во Македонија нема подобра рефренца за дополнителни вакви инвестции. Нашиот ангажман во Македонија подразбира и детална анализа на економијата. Да видиме кои се оние локални набавувачи можни извозници и успешни приказни кои ние треба да ги претставуваме. Од тие контакти односно држењеедна нога во Македонија една во странство успеваме да ги најдеме заедничките интереси. Со тие фирми што успеале во Македонија да настапиме заеднички во Франција, да создадеме една поширока слика.

Кое прашање најчесто Ви го поставуваат соговорниците од Франција и пошироко?

Обично прашањата кои варираат често се: Што е најголемо и најважно во Македонија? Која е најважната гранка во економијата и каква е стабилноста? Стабилноста во регионот е позитивна и тоа го истакнуваме и така ќе продолжи. Сепак мора да им укажеме на странските фирми дека ризикот од смена на Влада или некои конфликити, тие многу малку ќе загубат од нивните инвестиции. Македонија и регионот стануваат се постабилни. Македонија се истакнува и како иделано место да се искористи за пристап кон пазарите во регионот за понатаму.

Дали предвидувате друг тип на претставување на Македонија, покрај редовните посети?

Овој пристап, т.с. директни кампањи во странски фирми, градење на релации, фокус на решавање на деловни проблеми и изнаоѓање на реални инвестициони можности во Македонија е буквално незаменлив. Без такви детални врски со инвеститорите едноставно неможеме да ја надминеме површинската бариера и ќе изгубиме подолго време, односно не добиваме во бројност но добиваме во критична маса. Штом ќе створиме критична маса од поважни, поугледни странски фирми кои инвестирале, покажуваме и создаваме самоодржлив моментум. Тој мора да се проследи пошироко, низ Владата, администрацијата и институциите во Македонија.