1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема загинати во авионската несреќа во Мексико

ЕМФ /агенции
1 август 2018

Патнички авион со 101 патник и членови на екипажот се урна во северно Мексико непосредно по полетувањето. Загинати нема, а Службата за цивилна заштита јави дека има околу 85 повредени.

https://p.dw.com/p/32Phv
Mexiko Durango Flugzeugunglück
Фотографија: picture-alliance/Xinhua

Авионската несреќа се случи во мексиканската сојузна држава Дуранго. Според наводи на мексиканската влада, во авионот на авиокомпанијата Аеромексико имало 97 патници и четворица членови на екипажот. Очевидци тврдат дека голем дел од луѓето сами излегле од авионот.

Mexiko Durango Flugzeugunglück
Фотографија: picture-alliance/Xinhua/Durango's Civil Protection Department

Авионот полетал од меѓународниот аеродром Гвадалупе Викторија во главниот град Дуранго и требало да стигне во Мексико Сити. Гувернерот на сојузната држава Дуранго, Хозе Росас Аиспуро, за мексиканската телевизија изјави дека загинати нема. Бројот на повредени е околу 85, меѓу кои двајца се тешко повредени. Еден од тешко повредените е пилотот.

Според досегашните сознанија, пилотот најверојатно морал да го прекине полетувањето поради лошите временски услови. „Врнеше, имаше бура, мислам дека сакале да го прекинат летот“, изјави Аиспуро. Тој информираше и дека авионот удрил зад пистата, по што се појавил оган во леталото.

Mexiko Durango Flugzeugunglück
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Alcantar

Аеромексико на Твитер напиша дека се проверуваат информациите во врска со несреќата.

Телевизијата Миленио емитуваше слики од спасувачи кои им пружаат помош на патниците, а според медиумот, на аеродромот во Дуранго на семејствата на патниците им биле ставени на располагање и психолози.