Плати, па полни
22 февруари 2017На менито на Терасенкафе во Виена стојат не само различни пијалоци, туку и електрична енергија. За полнење на смартфонот или некој друг апарат мора да се плати 1 евро. Сопственичката на кафулето, Галина Покорни, на гостите кои се бунтуваат им вели јасно:
„Работите овде, работите на мој трошок. Работите со мобилен телефон, таблет, компјутер. Зошто јас да ги плаќам трошоците на вашата работа?
Овде можете да го погледнете видеото:
Виена е позната не само по своите цркви, туку и по културата на пиење кафе. Кафе се пие долго, тоа е традиција. Порано со кафето се читаа книги или весници. Денес се чита и работи на таблет или смартфон. Здружението на гастрономи ја зема во заштита сопственичката на кафулето.
„Ние пропагираме слободно претприемништво. Значи, на претприемачката ѝ е препуштено дали ќе бара пари или не. Претходно треба да ги има информирано муштериите“, вели Петер Добчак од Здружението на гастрономи
Значи, на гостите не им преостанува ништо друго освен да платат. Или едноставно да седнат во друго кафуле.