1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неистомислениците на Кремљ на црна листа

Нина Веркхојзер26 февруари 2008

Активистите за човекови права во Русија укажуваат на кршењето на нивните права. Поради критика заради веќе познатиот исход од претстојните претседателски избори, на мета се сите неистомисленици на Кремљ.

https://p.dw.com/p/DDSp
Медведев ќе ја продолжи политиката на ПутинФотографија: AP

„Да ја се наоѓам на црната листа на полицијата, исто како и други членови на мојата организација“, вели активистот за човекови права Алексеј Козлов, но точно знае и зошто. Триесет и три годишниот политолог веќе 15 години се бори за човековите права во Русија, а специјалност му е слободата на собири. Во родниот град Вороњеж, кој се наоѓа на 500 километри јужно од Москва, Алексеј е во управата на една невладина организација која е под постојан надзор од властите. Алексеј сосема рамнодушно раскажува дека полицијата четири пати досега го има извлечено од воз со кој патувал во Москва. Уште кога ќе ја купи картатата, од железницата на полицијата и го јавуваат времето на патување, вагонот и бројот на седиштето. Потоа полицајците божем случајно се појавуваат во возот:

“И тогаш доаѓаат и ми велат. Господине Козлов сега паднавте во замка“.


Алексеј продолжува да се бори за човековите права


Но, Алексеј не се вознемирува од демонстрацијата на моќ на властите. Тој и понатаму се бори за правата на хомосексуалците и лезбејките, организира отворени собири и дикусии и објавува написи на тема правото на собири. Според него движењето за човекови права е вистинската опозиција во Русија, а не неколкуте преоостанати партии кои се критички насочени кон власта. Во последниве две години, Кремљ вистински им ја отежнува работата на невладините организации - со помош на строги закони НВО-та се шиканирани, а дел се затворени. И Алексеј е ставен под голем притисок од властите.

„Ми беше потребен еден месец за да ја соберам сета документација која од мене ја бараа властите. Тие решија да ја стават под лупа мојата невладина организација“.


Руските НВО-а имаат помош од странство


За да се справи со нивното самоволие, Алексеј реши работите да ги објави во јавноста. Работи заедно со други активисти за човекови права од земјата и странство. Политологот од Вороњеж има поддршка од група студенти од Берлин, кои на интернет објавуваат текстови за лошата состојба со човековите права во Русија. Кога Алексеј доаѓа во Берлин, тие му организираат собири, преноќевалиште или контакти. Еден од нив е студентката по социологија Хердис Хаген, според која се поверојатно идниот претседател на Русија нема да донесе промена во политиката.

„Искрено сметам дека нема да има промена на односот кон НВО-та бидејќи мислам дека Медведев ќе го следи досегашниот курс на Путин. Можеби на почетокот ќе има одредени олеснувања, но тие повеќе ќе бидат со цел подобрување на неговиот имиџ отколку за реално подобрување на состојбата. Се на се работите нема многу да се сменат.“

Алексеј Козлов се согласува со ваквото мислење, но сепак нема да се откаже од својата работа. Иако властите до изборите не издаваат дозвола за одржување на демонстрации, тој е среќен дека во земјата има се повеќе луѓе, како него, кои ќе ги бојкотираат изборите поради извесниот исход.