1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Шацимаркакис не му ја враќаат докторската титула

АТ/ БГ/ афп/ chatzi.de/22 март 2012

Административниот суд во Келн ја одби тужбата на европратеникот Јорго Шацимаркакис за враќање на неговата докторска титула. Одлуката на универзитетот во Бон е правилна, процени судот.

https://p.dw.com/p/14PIO
Јорго ШацимаркакисФотографија: Vangelis Mamaligas

Политичарот од ФДП и европарламентарец Јорго Шацимаркакис, пред Административниот суд во Келн, ја загуби тужбата против одлуката да му буде одземена докторската титула. Филозофскиот факултет при универзитетот во Бон правилно процени, дека Шацимаркакис со својот докторат направил измама, пресуди денеска судот. Тој преземал пасажи за својот докторски труд од други дела, без овие делови соодветно да ги означи согласно правилата кои важат, кога се преземаат туѓи текстови во научни трудови. Со тоа прикрил, дека големи делови од дисертацијата биле препишани.

Шацимаркакис може да поднесе жалба против пресудата до Врховниот административен суд во Минстер.

Европратеникот, по пресудата се огласи преку својата интернет страница, оценувајќи дека требал да работи попрецизно и најави дека со судската пресуда се отвора простор за нова дисертација.

Универзитетот во Бон му ја одзема докторската титула на Шацимаркакис во јули 2011 година. Политичарот претходно самиот упати молба до универзитетот да изврши проверка на неговата дисертација, откако интернет форумот „ВрониПлаг“ подигна обвиненија за плагијат на докторатот на Шацимаркакис.