На изборите во Либија - предност за либералната алијанса
9 јули 2012При пребројувањето на гласовите од изборите за првиот демократски парламент по ерата на Гадафи, одржани завчера (07.07), во Либија се наѕира предност за Либералната алијанса на Махмуд Џибрил. Групацијата на поранешниот преоден премиер освоила најголем број гласови во главниот град Триполи и во Бенгази, јавуваат набљудувачите по анкетите. Исламското Муслиманско братство, според нив, е на второ место. Официјалните резултати ќе бидат познати во наредните денови. Новоизбраниот општ Национален конгрес во Триполи го заменува Преодниот совет. Избраните 200 пратеници треба да именуваат преодна влада и да подготват избор на Совет, кој треба да го изработи уставот на земјата.
Во соседните Египет и Тунис, по повеќедецениското авторитарно владеење, на изборите победија исламистичките партии.