1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Европа итно и е потребен устав

22 март 2007

Германската влада како претседавач на Европската унија, за вонредниот самит на викендот ја подготвува „Берлинската декларација„ за иднината на Унијата. Повод е 50-годишнината од потпишувањето на Римските договори. Денеска во Бундестагот се одржа дебата за која известува Петер Штицле:

https://p.dw.com/p/AbyL
Жестока дебата за „Берлинската декларација„ во германскиот парламент
Жестока дебата за „Берлинската декларација„ во германскиот парламентФотографија: AP

Всушност, требаше да одвива хармонична дебата. Пратениците од сите политички табори беа согласни со она што го изјави шефот на опозиционите либерали Гидо Вестервеле:

„Ако Европа не постоеше, ќе моравме итно да ја откриеме. И ако Европа кај нас не донесе ништо друго од 50 години мир, веќе тоа се исплаќаше„.

Меѓутоа, на либералите и на другите две опозициони партии им пречи тоа што за нив е тајна дипломатија: имено, подготовката на Берлинската декларација од страна на владата. Залудно Вестервеле од министерот за надворешни работи бараше:

„Мислам дека би било соодветно неколку часа пред усвојувањето на Берлинската декларација да не информирате и нас во парламентот. Зашто она што ние го сакаме не е Европа на премиери, туку Европа на народите чии претставници седат овде„.

Сојузната валда, има намера да ја заживее дебатата за европскиот устав, изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер во Бундестагот. За тоа дали таа содржина експлицитно ќе се најде и во Берлинската декларација, Штајнамјер не рече ништо. Само општ став за натамошната интеграција:

„Со други зборови: во гласниот свет на глобализација, Европа ќе биде слушната само ако зборуваме со еден глас. Нашите инетереси можеме да ги застапуваме само ако дејствуваме заедно. Мислам дека тоа е она што го очекувааат граѓаните од одговорна политика во Европа„.

Во парламентот, инаку, сите партии се изјаснија за тоа дека на Европа и е потребен устав. А, тој треба да одговори на прашањето за европскиот идентитет, како што формулира демохристијанот Андреас Шокенхоф:

„Колку што Европската унија ќе станува поголема и понепрегледна, толку повеќе прашања од луѓето; што прави Европската унија; зошто ни е потребна; каде е Европската унија во перманентните промени и по што се разликува од другите? Тоа е прашање на Европејците упатено до нас„, изјави Шокенхоф.