На Галичица се уште гори
26 август 2007Реклама
Пожарот што изби во македонскиот национален парк Галичица се уште не е изгаснат, а ноќеска добил на интензитет кон југоисточниот дел на планината, соопшти денеска Кризниот штаб. За сега нема опасност за околните села Велгошти, Велестово и Рамне, но чадот веќе се чуствува и во Охрид. Кризниот штаб вели дека има информации оти пожарот е подметнат, најверојатно од дрвокрадци. Пожарникарите се надеваат дека во текот на денот ќе го стават под контрола огнот кој се протега на линија од седум километри.