Наштимана новогодишна реалност со најубавиот Дедо Мраз
Култура
Ана Арсеновска-Зафирова
1 јануари 2022
Кире Ристески повеќе од 50 години ги одржува концертните клавири. Пред 50 години, по музичката академија во Скопје, оди во Виена, во Безендорфер го учи занаетот. Денес е повлечен како Дедо Мраз, а работата им ја остава на синовите Бојан и Даниел. Оваа штимерска тројка имале работа со врвни пијанистички имиња, но ексклузивноста ја имаат за Симон Трпчески, со кого минале стотици концерти и сали.