1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Нацистички стражар во старечки дом

СН/ дв
23 август 2018

Поранешниот стражар во нацистички логор Јакив Палиј е префрлен од САД во Германија, но сега не му се заканува кривично гонење. Обвинителството досега не пронајде докази оти учествувал или помагал во конкретни злосторства

https://p.dw.com/p/33cro
Früherer SS-Mann Jakiw Palij nach Deutschland abgeschoben
Фотографија: picture-alliance/dpa/US Department of Justice

Поранешниот стражар во нацистички логор Јакив Палиј во вторникот беше префрлен од САД во Германија. Во поодминати години и со лошо здравије, Палиј е префрлен во дом за стари лица во Минстерланд. „Во моментов против него нема истраги во Германија. Значи, нема налог за апсење“, вели за ДВ Јенс Ромел, шеф на Централата за процесирање на нацистички злосторства.

Тој е роден во Полска, во моментов нема државјанство, а во 1949 година во логорот Травники во близината на Лубин на истокот во Полска е обучен за помагање на СС трупите. По војната емигрирал во САД каде што се претставил како обичен селанец и стекнал американско државјанство. Тоа му е одземено по неколку децении кога неговата работа со нацистите излегла на виделина. Палиј до денес тврди дека бил приморан да биде дел од помошните трупи на СС. На Американците за официјална одлука тоа веќе не им било важно- поради премолчување на фактот е избришан од евиденцијата на граѓани.

Така уште од 2005 година САД безуспешно се обидуваат Палиј да го префрлат во рацете на германското правосудство. Германија одбиваше да го земе со изговор дека не е гремански државјанин. „Се соочуваме со морална обврска на Германија во чие име под нацистите се направени најголемите неправди“, рече шефот на дипломатијата Хајко Мас, по одлуката Палиј сепак да биде прифатен во Германија.

Мали шанси за пресуда

Државното обвинителство во Вирцбург во 2015 година ја запре истрагата против Палиј поради недостаток на докази. „Тешкотијата не во тоа да се опишат убиствата, одделни масакри и други недела во еден логор, туку тешко е да се одреди одговорноста на поединци“, вели главниот истражител Ромел за ДВ. „Со каква работа, со кое одвивање на должност или функција овој поединец ги олеснил тие убивања? Тоа е она што треба да го докажеме.“

SS Lager-Aufseher Jakiv Palij
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Ромел објаснува оти во логорот Травники делувале таканаречени мобилни единици, што ја отежнува работата. Германското превосудство досега не успеало да утврди ни во која едниница бил Палиј. Во Травники се обучувани помошни единици на СС, а логорот претежно бил работен. Сепак, во масовните убиства настрадаа 6.000 Евреи.

Дотолку повеќе, случајот се разликуа од историската пресуда на Џон Демјанук во 2011 година во Минхен. Овој Украинец ја поминал истата обука и им помагал на нацистите како чувар, но бил во логорите на смрт Треблинка и Собибор. „Тука доказите беа релативно јасни бидејќи во тие логори секој нов затвореник бил веднаш убиван. Тука секако, без разлика на функцијата, помагал во тие убиства“, вели Ромел.

Во случајот на Јакив Палиј тоа е сепак поинаку. „Морам уште еднаш да кажам- во моментов не се води истрага. Затоа не е многу веројатно дека некогаш ќе дојде до пресуда.“