1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ја презеде командата врз акцијата во Либија

28 март 2011

Северноатлантската воена Алијанса од денеска и официјално ја презеде контролата врз спроведувањето надзор на зоната на забрана за летови над Либија и воведе за државата ембарго на увоз на оружје по морски пат

https://p.dw.com/p/10is0
Авионите на НАТО ќе го контролираат воздушниот простор над ЛибијаФотографија: dapd

Канадскиот генерал задолжен за тие операции Шарл Бушар уште соопшти дека нивна цел на операцијата е затворање на либискиот простор за сите летови, освен хуманитарни.

Krieg in Libyen Flash-Galerie
Бунтовниците во Либија напредуваатФотографија: AP

„Со партнерите кои се членки на НАТО, Алијансата ќе стори се’ што може за да
се спречи употребата на воздухопловните сили и тоа ќе го направи внимателно
во спречувањето на убивање на населението во Либија. Нашата задача е да го
затвориме либискиот воздушен простор за сите летови освен за спасувачките и
хуманитарните“, дополнил канадскиот генерал.

Либиските бунтовници, кои викендов започнаа голема контраофанзива, утрово соопштија дека го освоиле родниот град на Моамер Гадафи, Сирте. Засега нема независна потврда на оваа информација.

Автор:БГ/ЕМФ/афп/миа

Редактор: Симе Недевски