1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО сака брза одбрана од сајбер-напади

ЕМФ/дв/миа5 јуни 2013

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО донесоа одлука за формирање единица за брза интервенција која ќе ги штити мрежите на алијансата од сајбер-напади.

https://p.dw.com/p/18jox
Фотографија: picture-alliance/dpa

Описот на состојбите што го даде генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на вчерашната (04.06) средба на министрите во Брисел, беше прецизна и остави впечаток дека треба итно да се дејствува: „Електронските напади се се‘ почести, покомплексни и поопасни. Тие се случуваат без најава и можат да имаат разорни последици.“

Генералниот секретар прецизирашe дека системот за заштита на НАТО од кибернетички напади ќе биде целосно оперативен од оваа есен. Според Расмусен, во 2012 година мрежата на НАТО била соочена со повеќе од 2.500 обиди за упад“ или „еден на секои три часа, ден и ноќ, секој ден во годината“.

Nato Generalsekretär Anders Fogh Rasmussen
Андерс Фог РасмусенФотографија: Reuters

Заштитата на мрежата на НАТО е првата фаза од овој проект. Во текот на втората фаза ќе се разгледува како Алијансата може да одговори на потребата на сојузниците соочени со сајбер-напади. „Разговорите се многу тешки бидејќи земјите не споделуваат исти цели, некои сметат дека информатичката безбедност во прв ред е во национална надлежност“, изјави генералниот секретар на НАТО.