НАТО и Русија преговараат за ракетниот штит
4 јули 2011Реклама
Европскиот ракетен одбранбен систем (EUROPRO) е во центарот на вниманието на денешниот состанок на Советот НАТО-Русија. Соработката на европскиот ракетен одбранбен систем меѓу НАТО и Русија беше договорен на самитот во Лисабон, во ноември 2010 година. Русија смета дека развојот на концептот и самата архитектура на ракетниот штит EUROPRO треба да биде на рамноправна основа и да обезбеди соодветни мерки за градење доверба и транспарентност во областа на ракетната одбрана. НАТО, од своја страна пак, бара од Русија да има поголема доверба дека ракетниот одбранбен систем нема да се користи против рускиот нуклеарен потенцијал.
Автор: ЕМ/СН/дв
Редактор: Горан Чутаноски