1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО – Естонија

4 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7l

САД и НАТО во судирот меѓу Естонија и Русија околу советскиот спомени, се ставија демонстративно на страната на сојузникот. Американската влада ја повика Москва да се држи до меѓународните конвенции. Раководството на НАТО ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на Естонија и побара да се стави крај на заканите упатени до естонските дипломати. Наспроти тоа, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров од германскиот колега Франк Валтер Штајнмаер како претседавач со Советот на ЕУ побара да ги осуди потезите на Естонија. Поради одлуката на Естонија да го пресели споменикот на советските војници од втората светска војна од центарот на Талин, градоначалникот на Москва, Јуриј Лужков, ги повика државните и локалните руски органи да воведат економски санкции во односите со Естонија.