1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО денеска расправа за Балканот

ЕМФ/бета4 декември 2012

Министрите за надворешни работи на НАТО и првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон во Брисел ќе разговараат за Косово и за настојувањата на дел од земјите на Западен Балкан за интегрирање во Алијансата и во ЕУ.

https://p.dw.com/p/16vHE
Фотографија: picture-alliance/dpa

Според дипломатски кругови во НАТО, шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус размислува на партнерите во НАТО денеска (04.12) да им понуди досегашната линија на командување со КФОР од врховната команда на НАТО да ја преземе Врховниот воен штаб на ЕУ. Според висок неименуван претставник на НАТО, политичките и другите реформи што ги спроведуваат западнобалканските земји во напорите да станат членки на нАТО и ЕУ имаат многу допирни точки.

Инаку, главни теми на министерското заседание на НАТО ќе бидат подготовките за повлекување на меѓународните сили од Авганистан, одобрување на барањето на Турција за поставување на американски антиракетни системи „Патриот“ на јужната граница на НАТО, односно на турска територија кон Сирија, како и разговор со рускиот министер Сергеј Лавров во рамки на Советот НАТО-Русија.