1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Натамошни напади врз христијаните во Нигерија

ЖА/АТ/ртр/дпа/миа/афп30 април 2012

Во претежно муслиманскот северен дел на Нигерија во повторните напади врз христијаните се убиени најмалку четири луѓе.

https://p.dw.com/p/14mvs
Фотографија: REUTERS

Очевидци сведочат дека тие биле застрелани при излегувањето од црква во градот Маидугури. Напаѓачите фрлале и експлозивни направи. Претходно во градот Кано на северот од земјата се случи тежок напад врз две богослужби на отворено на универзитетот. И таму напаѓачите употребиле огнено оружје и експлозив. Во експлозиите во универзитетскиот кампус Бајеро и во вооружените судири кои потоа избувнаа на околните улици беа убиени најмалку 20 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но според медиумите на сличен начин дејствува исламистичката секта „Боко харам“, која само од почетокот на годината изврши напади, главно врз христијански цели во кои загинаа над 450 лица.