1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напорите за посредување во конфликтот во Мијанмар продолжуваат

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlZm

Специјалниот пратеник на ОН, Ибрахим Гамбари, ги продолжува напорите за посредување во Мијанмар. Тој и натаму настојува на одржување средба со шефот на хунтата, Тан Шве, која досега не е одржана. Вчера Гамбари имаше изненадувачка средба со лидерот на опозицијата во Мијанмар, Аунг Сан Су Кји. Содржината на разговорите не е позната. Во меѓувреме, армијата во главниот град Рангун ги подигна блокадите околу најважниот храм во градот. Сепак, четирите влеза на храмот и натаму се набљудувани од армијата. Безбедносните сили патролираат и на улиците во градот за во зачеток да ги спречат можните демонстрации. Според официјални наводи, од средата досега се убиени десетмина демонстранти. Организациите за заштита на човековите права говорат дека во изминатите денови во таа земја се уапсени 1 200 лица.