1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напната ситуација во Лахоре

13 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAnR

Лидерот на опозицијата во Пакистан Бензир Буто го повика претседателот Первез Мушараф да поднесе оставка на функцијата. Буто зборуваше во телефонско интервју од градот Лахоре, каде властите ја држат во седумдневен домашен притвор заради како што велат нејзина безбедност. Таа инаку требаше да го предводи за денеска најавениот марш на опозицијата од Лахоре до Исламабад. Ова е прв пат Буто јавно да побара оставка од Мушараф. Властите во последните 24 часови уапсиле 1500 приврзеници на опозицијата.