1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

полицијата

ЕМФ /агенции
23 март 2017

Британската полиција смета дека нападот во Лондон е исламистички мотивиран. Идентитетот на напаѓачот ѝ е познат, но детали не се соопштуваат.

https://p.dw.com/p/2Zn2A
Großbritannien Bewaffnete Polizei nach Terroranschlag in London
Фотографија: picture-alliance/Kyodo

Мостот Вестминстер денеска е затворен. Во вчерашниот напад на мостот загинаа пет лица, а околу 40 се повредени

Напаѓачот со возило влета во пешаци на мостот, по што удри во оградата на зградата на парламентот. Потоа со нож нападна еден од полицајците, кој им подлегна на повредите.

Полицијата го застрела напаѓачот. Оттаму се соопштува дека идентитетот на напаѓачот е познат, но други детали нема. Се смета дека нападот има исламистичка позадина. 

London Anschlag
Фотографија: picture alliance/dpa/I. Aldama

Британските медиуми јавуваат дека во текот на ноќта во Бирмингем имало рација и дека се уапсени повеќе лица. Според информации на Скај и агенцијата Прес Асосиејшн, рацијата е поврзана со нападот во Лондон. Засега нема потврда за ваквата информација од страна на полицијата.

Бирмингем важи за упориште на исламистите во Велика Британија. Таму живеел и еден од осомничените за организација на нападите во Брисел и Париз, Мохамед Абрини. Тој е уапсен во Белгија и во затвор е од април минатата година. 

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата