Напаѓачи убија свештеник во црква во Франција
26 јули 2016Француските власти потврдија дека на убиениот свештеник му бил пресечен вратот, додека уште едно лице е тешко повредено и се бори за живот. Преостанатите тројца заложници биле спасени од полицијата. Нападот се случил за време на утринска миса во малото гратче Сен Етјен ду Руврај.
Убиениот свештеник Жак Хамел имал 84 години.
Идентитетот и мотивот на напаѓачите остануваат непознати.
Францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи Бернар Казнев се упатија во градот.
Франција е во состојба на зголемена готовност по нападот во Ница на 14 јули во кој загинаа 84 луѓе.
Екстремистите на „Исламската држава“ пред извесно време ги повикаа своите следбеници да ги напаѓаат црквите во Франција и се верува дека групата досега испланирала најмалку еден таков напад.
Папата Франсиско изрази згрозување од „варварското убиство“ на свештеникот.