1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз полициско возило на влезот на Скопје

Александар Чомовски4 јануари 2008

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети, при напад врз полициско возило на влазот од Скопје. МВР денеска треба да излезе со официјано соопштение.

https://p.dw.com/p/CkAR
МВР - СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Македонската полиција сеуште не соопштува детали околу нападот врз возилото на полициските специјалци на влезот од Скопје. Вчера попладне еден полицаец беше убиен, а двајца ранети, откако од цивилно возило бил отворен оган врз полицијата. Премиерот Никола Груевски во првата изјава повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи, рече дека е можно да се работи за напад од криминалци.