1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нападот во Бали, акт на бомбаши самоубијци

2 октомври 2005

Индонезискиот претседател Сусило Бамбанг Јудхојоно соопшти дека координираните бомбашки напади во Бали кои завршија фатално за 26 лица а повеќе од сто се ранети се дела на бомбаши сасмоубијци.

https://p.dw.com/p/AcCK
Фотографија: dpa

Првичните анализи на полицијата кои претпоставуваа дека станува збор за самоубиствен напад се потврдија.

Бомбите како што соопшти полицијата експлодирале во два ресторана за брза храна на плажата Џимбаран и една во стек бар на плажата Кута, регион во чија околина се наоѓаат голем број продавници и објекти за забава.

Бебзедносните служби соопштија дека било многу тешко да се делува превентивно, имајќи во предвид дека нападите биле извршени во многу фреквентен дел.

Министерот за здравство соопшти дека досега се идентификувани 15 од загинатите. 12 од нив се индонезијци, двајца австралијци и еден јапонски државјанин. Меѓу загинатите е и едно шестгодишно момче

Австралискиот премиер Џон Хауард кој соопшти дека по барање на индонезиските власти кон Бали отпатувале неколку ексепртски тимови кои треба да помогнат во истрагата, најостро го осуди нападот.

„ Мислам дека на ова треба да се гледа како обид за предизвикување страв, паника и нестабилност во Индонезија. Ова е напад врз демократијата во Индонезија. Напад врз економијата на Бали се опоравуваше ос трашниот напад пред три години„

Се верува дека одговорна за нападот е исламистичката група Џемаја Исламија:

„ Претпоставувам дека тоа може да се земе во предвид , но ништо повеќе од тоа, може да се претпоставува дека ова е акција на Џемаја Исламија или некоја слична организација. Но сосема е јасно дека станува збор за терористички напад„ изјави Александер Даунер Министерот за надворешни работи на Австралија

Според последните информации 50 од повредените се индонезиски државјани, 17 австралијци, шест кореанци, тројца јапонци и двајца американци.

Координираните напади во Бали се случуваат нецели три години по бомбашкиот напад пред еден ноќен клуб во кој загинаа 202 лица, најголем дел од нив странски туристи. Одговорноста за овие напади ја превзеде Ал Каеда.