1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наместо скара, работнички права

1 мај 2010

Во Македонија има драстични повреди на работничките права. Работниците немаат доверба во синдикатот. Оставени се на милоста на работодавачот кој во транзицијата си приграби господарски права врз работничките судбини.

https://p.dw.com/p/NC23
Фотографија: Petr Stojanovski

Александар Велинов е работник. Во разговорот за Дојче Веле отворено зборува за состојбите во фабриката каде работи и не крие дека е незадоволен од својата позиција во макеоднското општество. Но и покрај големиот револт тој денеска не протестира како што протестираат работниците ширум светот. Македонскиот работник денешниот Меѓународен ден на трудот го празнува со традиционалната скара во природа.

„Тоа е традиција а ние им робуваме на традициите. Меѓутоа не се решава се’ со протести“, вели Велинов.

Препуштени на милоста на работодавачот

Mazedonien Land und Leute
Фотографија: DW

Не е лесно денес да се биде работник во Македонија е оценката на човекот кој денеска го празнува меѓународниот ден на трудот. Со оваа констатација на работникот се согласува и претпримачот. Синдикалецот ја надополнува сликата со ставот дека во Македонија денес се врши експлоатација на трудот непримерна за 21 век. Но уште позагорозена од работничкиот статус е битката за работничките права. Македобскиот работник ја загуби довербата во синдикатот и во инстутициите и се препушти на милоста на работодавачот. Тој во периодот на продолжена транзиција стана господар на работничката судбина.

„Кај нас е се’ уште ран капитализам. Тешко е да се биде работник во Македонија“.

Со ставовите на работникот Александар Велинов се согласува и претприемачот Зоре Темелковски. Тој е дури покритичен во оценката на работничките права.

„Јас мислам дека ние сме уште подолу од раниот капитализам според правата на работниците. За жал има претприемачи кои сакаат да остварат екстра профит на грбот на работникот“, вели Темелковски.

15 илјади предмети годишно за кршење на работничките права

Mazedonien Land und Leute
Ванчо Муратовски неодамна беше сменет од врвот на Сојузот на синдикатитеФотографија: DW/Medana Weident

ССМ има нов претседател. Човекот кој го наследи Ванчо Муратовски вели дека ќе се обиде да го врати угледот и моќта на синдикатот за да може оваа институција да се бори за достоинството на работникот.

„Работнички протести ќе има во оној момент кога ќе се врати довербата во раководството на ССМ и кога ќе биде обезбедено единство“, вели Живко Митревски. Велинов објаснува во кој дел е најголема работничката неправда.

„ Најголема е експлоатацијата во делот на вреднувањето на трудот“

Стапката на невработеност изнесува 32 процента. Просечната плата е 320 евра а од 650 илјади вработени повеќе од 3 проценти не добиваат редовно плата. Годишно се отвораат околу 15 илјади предмети за кршење на работничките права.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски