1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наместо песочни- микропластични плажи

СН/агенции
9 август 2019

Шведските научници во западниот дел на земјата открија плажи кои наместо од песок се состојат од микропластика. Повеќе од доволна причина за еколошка тревога...

https://p.dw.com/p/3NdPe
Plastikflasche am Ostseeufer
Фотографија: picture-alliance/dpa

Брегот на островот Гоше потсетува на песочна плажа, но всушност тој е покриен со милиони честички микропластика. Ова се должи на фабричките протекувања во областа Стенунгсунд. Пластичните гранули можат да се најдат во фјордовите и на плажите во архипелагот.  Во Стенунгсунд се наоѓа центарот на петрохемиската индустрија во Шведска. Таму се произведува околу 5% од полиетиленот кој го користат Европејците.

Загрижувачко откритие на шведските научници

„Важно е да се разбере дека не можеме едноставно само да преминеме од пластика на некој друг материјал, затоа што тогаш во иднина ќе ги имаме истите проблеми. Треба да ги промениме принципите на нашата потрошувачка“, објаснува Тереза Карлсон, учесничка во истражувањето.