Наковска-Бикова и Мојсовски-најуспешни спортисти во 2012
29 јануари 2013Спортистка на годината, очекувано е златната параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, (фото горе) која на параолимписките игри во Лондон освои златен медал и постави нов светски рекорд во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
„Оваа награда е посебна за мене, таа ми претсавува мотив да продожам со понатамошни успеси“, рече Наковска-Бикова.
Ракометарот на Металург и член на репрезентацијата која го освои петтото место на Европското првенство, Наумче Мојсовски, е прогласен за спортист на годината.
„Се надевам дека нема тука да застанам. Во 2012 ми се случија многу убави работи на репрезентативен и клупски план, 2013 не започна баш најдобро, но се надевам дека и таа ќе биде успешна како претходната година“, рече Мојсовски.
Најуспешен млад спортист за 2012 година е Димитар Ѓорѓиев (кик бокс), а спортистка на годината е Симона Заборска (карате). Македонската машка ракометна репрезентација е победник во категоријата најуспешна машка селекција, а титулата кај женските селекции ја понесе женската ракометна репрезентација. Бранимир Јовановски (стрелаштво) е прогласен за најдобар во категорија најуспешен тренер/селектор, Кирил Лазаров (ракомет), пак, е најуспешен македонски спортист во странство.
Награди за спортски промотори на Македонија добија РК Металург, фудбалерот на Марибор и македонски репрезентативец Агим Ибраими и најдобриот македонски фудбалски судија Александар Ставрев. Постхумно наградени се Александар Атанасовски – Мац (сестран спортист) и Славе Атанасовски (кошаркарски судија).
За најдобрите во 2012 година гласаа навинарите, националните спортски
федерации, додека љубителите на спортот, својот галс го дадоа преку
интернет. Директорот на АМС Лазар Поповски пред одржувањето на главната манифестација, на 500 млади спортисти им додели стипендии „Спортска надеж“.