1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Надминување на политичката криза

Александар Чомовски30 мај 2007

Вчерашниот разгвор меѓу лидерите на овие ВМРО ДПМНЕ и ДУИ овозможи враќање на пратеничката група на ДУИ во Парламентот.Се надминуваат и разликите меѓу премиерот Груевски и коалициониот партнер ДПА

https://p.dw.com/p/Anrj
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Пратеничката група на ДУИ од денеска се враќа во Праламентот.Министрите од владеачката ДПА синоќа беа на седница на владата,со што се надминуваат меѓукоалициските тензии по заканите на потпретседателот Тачи дека ќе ја напушти соработката со премиерот.Тоа се првите знаци за надминување на подолгиот институционален и политички судир,бојкотот на Парламентот на ДУИ и кусиот прекин на врските во владиниот кабинет.Амбасадорите на САД и на ЕУ во Скопје реагираа експресно на договорот власт опозиција што ги намалува и тензиите во меѓуетничките односи.Премиерот Груевски и лидерот на ДУИ дадоа заедничка изјава,без потписи,дека успешно се завршени билатералните партиски разговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.Извори од опозиционата ДУИ тврдат дека биле задоволни што двајцата лидери потпишале документ но само во англиска верзија.Во неа се регистрирани и трите други барања на Албанците:социјални права за инвалидите на ОНА,употребата на албанскиот јазик според уставните решенија,и дека ќе продолжи дебатата за моделот на избор на влафата меѓу победничките партии во македонскиот и албанскиот електорат.Но,факт е дека во оваа англиска верзија овие барања на ДУИ се регистрирани само како позиција во рамките на натамошните институционални средби и политичките дијалози.Шпицот на политичките и меѓуетничките тензии минатата недела беше дополнет и со медиумски жестоки полемики кој е виновен за забавените реформи и особено околу имплементацијата на Рамковниот договор.

„ Република Македонија во овој момент нема сериозен внатрешен противник против Рамковниот договор,освен еден,тоа е ДУИ.ТОа отворено го кажувам.Зошто?Се што е внатре ставено,и да не е остварено,треба желба да се оствари.Македонците не губат,“изјави Џевад Адеми,генералниот секретар на ДУИ.

„Ќе морам да изнесам аргументи,дека реалноста не е таква.Би сакал,би посакувал да е така,ама не е така.Од 2002 до 2006 година партиите што ја сочинуваат оваа влада не изгласале апсолутно ниту еден закон кој произлегува од Рамковниот договор,изјави професорот Јован Донев од Евробалкан во полемика со него во емисијата Еврозум.Сепак четиримесечниот застој во политичкиот дијалог власт опозиција резултираше со нормализирање на работата на институциите.Се покажува дека без присуство и ангажман на албанскиот партиски корпус во институциите Македонија не може да ги реализира реформите и да има стабилна политичка и меѓуетничка ситуација.