Надал победник на Ролан Гарос
12 јуни 2006Шпанецот Рафел Надал ја одбрани победничката титула на грен-слем тенискиот турнир Ролан Гарос во Париз. Во финалето тој го совлада најдобриот во светот Роџер Федерер од Швајцарија со 3 спрема 1, по сетови 1 спрема 6, 6 спрема 1, 6 спрема 4 и 7 спрема 6. Тоа беше 60-та последовна победа на Надал во средби на земјени терени. „Во првиот сет играв многу лошо, потоа во текот на мечот обајцата бевме многу нервозни и, на крајот, не е лесно да се игра оти Роџер игра за да биде прв во историјата на тенисот, па притисокот беше голем“ – изјави Надал по победата.
24-годишниот Федерер, и покрај седумте досега освоени титули на грен-слем турнири, и натаму останува без таа во Париз. „Се обидов, но можам да сторам и многу повеќе отколку само да се обидам. Имав вистински неповторлива шанса“ – жалеше по испуштеното Роџер Федерер.
Во женското финале Белгијката Жистин Анан-Арден по трет пат стана победничка на Ролан Гарос. Таа овој пат во финалето ја совлада Русинката Светлана Кузњецова со 6 спрема 4 и 6 спрема 4.
Алонзо најбрз во Силверстоун
Трета последовна победа на Шпанецот Фернандо Алонзо од тимот на Рено во трка од годинашново светско првенство во автомобилизам формула еден. На патеката во Силверстоун тој зад себе ги оставеи Михаел Шумахер од Ферари и Кими Рајконен возач на Мекларен Мерцедес. Сега Алонзо во генерален пласман има убедлива предност од 23 бодови пред Михаел Шумахер,