1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наградата „Квадрига“ нема да биде доделена

16 јули 2011

По жестоките протести што ги предизвика веста дека наградата „Квадрига“ годинава ќе ја добие рускиот премиер Владимир Путин, сега доделувањето е откажано.

https://p.dw.com/p/11wcd
Наградата Квадрига се доделува од 2003 година
Наградата Квадрига се доделува од 2003 годинаФотографија: diequadriga.com

Наградата „Квадрига“ оваа година нема да биде доделена, соопшти здружението „Веркштат Дојчланд“, кое ја доделува наградата за граѓанска одважност и храброст. Планот - наградата годинава да му биде доделена на рускиот премиер Владимир Путин предизвика големи протести.

Весникот „Билд ам зонтаг“ пишува дека чешкиот претседател Вацлав Хавел се заканил дека ќе ја врати наградата, доколку нејзе ја добие и Путин. Претходно, наградата добиена во изминатите години, ја врати данскиот уметник Олафур Елиасон. Путин требаше да ја добие престижната награда за заслуги за стабилноста на германско-руските односи. Повеќемина поранешни носители на наградата тоа го критикуваа, укажувајќи на повредите на човековите права во Русија. Наградата „Квадрига“ се доделува од 2003 година на личности и проекти чии размислувања и дејствување базираат врз вредности кои се во служба на „визионерството, храброста и одговорноста“. Меѓу добитниците на наградата се и поранешниот германски канцелар Хелмут Кол и поранешниот советски претседател Михаил Горбачов.

Автор: ЕМФ/дв

Редактор: Трајче Тосев