Ништо од реалната слика
28 декември 2011Реклама
Министерството за надворешни работи на Франција денеска побара набљудувачите на Арапската лига да се вратат во градот Хомс и да им се овозможи патување насекаде, како и контакт со населението. Тоа смета дека набљудувачите не добиле реална слика за состојбите.
Во меѓувреме, Сирија денеска 755 лица, кои завршија во затвор поради протестите против режимот во земјата. Ослободувањето затвореници е еден од клучните услови за надминување на кризата, коишто беа поставени од Арапската лига, а прифатени од Сирија. САД го обинија сириското раководство дека ја заострило репресијата против демонстрантите пред доаѓањето на набљудувачите од Арапската лига.
Автор:АМ/СН/афп/миа
Редактор: Борис Георгиевски