1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф ја дискредитира борбата против тероризмот

3 јануари 2008

Од 11 септември 2001-та, пакистанскиот претседател Первез Мушараф важи за еден од најважните сојузници на САД во борбата против меѓународниот тероризам. Во стварноста тој придонесува за дискредитацијата на таа борба.

https://p.dw.com/p/Cjgy
По убиството на Буто дозволено е секое прашање: колку е поврзан Мушараф со тој чин?Фотографија: AP

Актуелнот развој во Пакистан демонстрира некои од основните грешки направени во таканеречената борба против меѓународниот тероризам.

Малку кој во таа земја верува дека Беназир Буто беше убиена од Ал Каеда. Место тоа, врие од терории на заговор, пред се меѓу политичките противници на Мушараф. Се вели, на пример, дека армијата стои зад убиството, дека генералите сакале да ја остранат Буто како ривалка. Или можеби врвни политичари од партијата на Мушараф. Некои тврдат дека Буто беше остранета зашто сакала да објави докази за изборни манипулации. Други пак велат дека знаат оти била убиена со супер-модерно ласерско оружје.

Причините за ваквите шпекулации лесно можат да се најдат: транспаретноста за власта е туѓ збор. На пример, најнапред како причина за смртта на Беназир Буто тврдеше дека станува збор за рани од истрели, потоа за шрапнели од бомба и најпосле дека главата и ја скршил покривот на нејзиниот автомбил. И во светот се регистрира дека меѓу пакистанските сили за безбедност и исламистичките милитанти постои традиционална поврзаност. Меѓутоа, по правило, тоа на Запад се интерпретира како исламистите ги „надминале„ пакистанската армија и тајните служби. Многумина во Пакистан, со оглед на историјата од изминатите 30 години, тоа го гледаат поинаку. Токму споритвното: дека армијата и нејзините агенти ги изградиле и политички ги инструментализирале милитантните групи. Затоа сега е тешко да се поверува дека контактите и манипулациите прекинале. Истиот Баитулах Мехсуд, кому сега му се припишува убиството на Буто, по воведувањето на вонредната состојба во земјата во ноември и по преговорите со Исламабад, ослободи стотици затворени војници.

И конечно: Мушараф ја злоупотребува битката против тероризмот во Пакистан за други политички цели: политичките противници без никаква врска со Ал Каеда, како сепаратистите во Белуџистан, исчезнуваат без трага; критички адвокати се апсат под апсурдно обвинување дека се терористи; армијата одлично профитира од американската воена помош. Но, пред се, постојано се посочува тероризмот како причина зошто Мушатаф мора да остане на власт. Сите овие фактори придонесоа за сегашната клима на недоверба кон властодршците: дека ги потценуваат Ал Каеда или Талибанците во Пакистан, иако без сомневање тие играат значајна улога пред се на северо-запад од земјата. Пакистан во изострена форма покажува колку е контрапродуктивно кога изборот на средствата за битка против тероризмот им се препушта на арамијата или на тајните служби. Ако се сака долгорочен пораз на тероризмот и политичкото насилство, тогаш човековите права, демократијата и тарнспарентноста не смеат да останат на маргините. Целосното разјаснување на убиството на Беназир Буто со помош на странски експерти, би бил првиот чекор кон можно враќање на загубената доверба.


Томас Бертлајн