1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мушараф без правни пречки да биде претседател

22 ноември 2007

Пакистанскиот врховен суд конечно пресече: Первез Мушараф може да остане на функцијата претседател и во наредните пет години, како што реши собирот на националниот и регионалните парламенти на 6 октомври годинава.

https://p.dw.com/p/CQSH
Во иднина Мушараф во униформа би требало да го има само на фотографииФотографија: AP

Така заврши спорот што траеше со месеци. Врховниот суд ја отфрли шестата и последна жалба против изборот на претседателот Мушараф. На тој начин се отстранети сите сомнежи во регуларноста вкупно и пред се за неговата кандидатура во армиска униформа. Ослободен патот за неговите нови пет години на таа функција. Зашто со тој спор со Врховниот суд, Мушараф го образложи и воведувањето вонредна состојба во земјата. Оттогаш, ги смени сите критички судии. Сега, пред и официјално да биде прогласен за претседател, Мушараф, како што вети, ќе ја напушти функцијата врховен командант, како што велат неговите блиски соработници, меѓу нив и судијата Малик Кајум:

„Претседателот ќе положи заклетва за вториот мандат како цивил, зашто претходно ќе ја соблече униформата. Тоа треба да трае најмногу 4 до 5 дена. Значи, најдоцна во наредната недела се ќе биде минато„.

Првиот реакции се воздржани. Опозицијата ќе чека да види дали Мушараф вистина ќе ја напушти функцијата врховен командант, што беше едно од нејзините главни барања. Освен тоа, останува нејасно дали ќе ја укине вонредната состојба за да овозможи фер и слободни парламентарни избори на 8 јануари. Најголемите и најважни опозициони партии на екс-премиерите Беназир Буто и Наваз Шариф се изјаснуваа за бојкот на изборите во знак на протест против вонредната состојба. Сега веројатно ќе ги чекаат следните чекори на претседателот Мушараф.