1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали Ципрас мутира во социјалдемократ?

Константинос Симеонидис/сн1 септември 2016

Грчкиот левичарски премиер Алексис Ципрас веќе третпат за само неколку месеци учествуваше на состанок на европските социјалдемократи. Политикологот Лазарос Милиопулос објаснува што се крие зад тоа.

https://p.dw.com/p/1JrlW
Фотографија: Getty Images/AFP/S. de Sakutin

Дојче веле: Атинскиот весник „То прото тема“ пишува дека грчкиот премиер и претседател на левичарската Сириза, Алексис Ципрас, „полека мутира во социјалдемократ“. Дали Вие се согласувате со оваа проценка?

Лазарос Милиопулос: Да, тоа би можело претерано така да се формулира. Но прашањето е: Што тоа значи?

Па што значи тоа според Вашето мислење? Кои се намерите на Ципрас?

Тука постојат два начина на читање. Отворање кон социјалдемократите од една страна ќе се сфати како обид политичката левица во Европа, вклучувајќи ги социјалдемократите (како што се францускиот ПС, германската СПД, Демократската партија во Италија, португалските и шпанските социјалисти) и левите социјалисти (како шпанската партија Подемос или португалскиот Лев блок) да се обврзат за заедничка анти-необилерална европска политика и така европската социјалдемократија политичко-идеолошки ќе отидат еден чекор понапред. Од друга страна, чекорите на Ципрас не треба да се сфатат идеолошки, туку чисто како партиско-политичко-стратешки и внатрешнополитички. Зад отворањето кон социјалдемократите стои обид на поткопување на социјалдемократското движење под водство на претседателот на социјалдемократската партија Пасок, Фофи Генимата. Еден „анти-неолиберален“ фронт против конзервативците на Кирјакос Мицотакис вклучувајќи ги сите умерени и исклучувајќи ги сите радикални сили на политичката левица би требало да биде можен само под водство на Ципрас, во случај на нужда и во соработка со конзервативните сили како во случајот на партијата Анел.

Верувате ли дека Ципрас планира уште поблиска соработка со поранешната владеачка партија, грчките социјалисти Пасок?

Тука прво станува збор за далекусежно превладување на Пасок. Тој сака да го замени со левичарската коалиција под негово водство.

Dr. Lazaros Miliopoulos Politikwissenschaftler Uni Bonn EINSCHRÄNKUNG Porträt
Лазарос Милиопулос, политиколог од универзитетот во БонФотографија: privat

Сите испитување на јавно мислење упатуваат оти главниот противник на Ципрас, конзервативецот Кирјакос Мицотакис, би победил во случај на нови избори. Верувате ли дека Ципрас сѐ уште може да направи пресврт?

Пресврт, според моето мислење, Ципрас не може да направи без економски раст и видливи структурни реформи. Но, за да ги постигне овие две работи загубено е премногу време, а второ не ни можеше да се очекува тоа од Сириза со оглед на нејзината политичко-идеолошка заднина. Покрај тоа, политиката на Ципрас на избирачите им изгледа премногу контрадикторна, а таа, гледано во основа, и е таква. Не само социјал-политичка калкулација која некои ја поврзуваат со него (тој ќе го спречи најлошото), туку и надежите која ја разбуди кај другите, тој мораше да изневери. До тоа дојде најдоцна минатата година кога одлучи да остане на власт и да ја преземе одговорноста.

Единствено, на што Ципрас сѐ уште може да се потпре- и на што тој навистина работи- е конзервативната партија Нова демократија (НД) да биде изолирана во грчкиот партиски систем. На Ципрас притоа му оди од рака фактот дека во грчкиот партиски систем, не вклучувајќи ја НД, доминираат популистички, левичарски и етатистички сили. Можните коалициски партери на НД сите заедно се под изборниот праг од три насто: НД веројатно веќе сега не би била способна да формира мнозинство, дури и ако би се остварила релативна изборна победа. Во еден чист пропорционален систем токму тоа би можело да се случи. Дали на крајот тој благодарејќи на оваа стратегија би можел да се одржи на власт останува да видиме. Тоа е веројатно негова единствена шанса.