1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мужниекс: Грција да размисли за забрана на „Златна зора“

СН/ЖА/миа/бета/ап16 април 2013

Советот на Европа е загрижен поради растечкото насилство против мигрантите во Грција со учество на „Златна Зора“, се вели во извештајот на Комесарот за човекови права на СЕ, Нилс Мужниекс.

https://p.dw.com/p/18GhT
Фотографија: Council of Europe

Комесарот на Советот за Европа за човекови права, Нилс Мужниекс порача дека Грција треба да ја разгледа можноста за забрана на крајнодесничарската партија „Златна зора“, која има 18 мандати во 300-члениот грчки Парламент.

Мужниекс во изјава за новинската агенција Асошиејтед прес ја повика Владата во Атина да преземе построги мерки за сузбивање на расистички мотивираното насилство. Според него, Грција би била „ во целост во рамките на своите права“ доколку би и‘ забранила на „Златна Зора“ да дејствува во рамките на грчките институции.

Мужниекс, кој ја посети Грција од 28 јануари до 1 февруари денеска објави извештај од 32 страници во кој истакнува дека бил сериозно загрижен поради зголемувањето на криминалните активности поттикнати од омраза, кои се наосечни кон имигрантите во Грција.

Во извештајот „Златна зора“ е опишана како „неонацистичка и насилна политичка партија“, која треба да биде изолирана согласно легалните обврски од конвенцијата за човекови права, која ја потпиша и Грција.