Мубарак пред суд во Каиро
3 август 2011Поранешниот египетски претседател ја напуштил болницата во одморалиштето Шарм ел Шеик , каде што се лекува во последните шест месеци и се упатил кон Каиро каде што ќе му биде судено за неговата улога во убиството на демонстрантите за време на големите протести во земјата кои доведоа до негово соборување од власт. Мубарак е првиот арапски лидер кој е изведен пред суд откако регионот беше зафатен од бран бунтови против автократските властодржци.
83-годишниот Хосни Мубарак се товари за одговорност за смртта на демонстрантите на главниот плоштад во Каиро, кои бараа слобода и демократија.
Освен тоа Мубарак стои под обвинение за корупција и злоупотреба на моќта. Пред суд ќе бидат изведени и синовите на поранешниот претседател, Алаа и Гамал Мубарак, како и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли.
Автор:ГЧ/СН/дв/ртр
Редактор: Жана Ацеска