1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

“Мразот пробиен”, конечно прв златен медал за Германија – Ивон Бениш е новата спортска хероиња

16 август 2004
https://p.dw.com/p/AemW

Германската џудистка Ивон Бениш е првиот германски олимпиец кој во Атина се закити со зластен медал. Таа во финалето ја совлада Сан Хуи Кје од Северна Кореја. Успехот н 23-годишната спортистак од Потсдам е дотолку поголем, што нејзиниот е прв златен медал за Германија во џудо за жени воопшто на олимпијадите досега.

Пливачката Франциска ван Алмзик се пласира во полуфиналето на патеката од 200 метри слободно со 9-то време меѓу 16-те плуфиналисти: “Да, тоа беше доволно. Се радувам. Одамна немав пливано на 200 метри и желно го очекував стартот. Не би сакала да кажам дека бев многу релаксирана, но беше о-кеј. Тука дефинитивно е можно натамошно подобрување”, самоуверена е ван Алмзик.

Во финалето на 100 мтери грбно и на 100 метри градно се Антје Бушшулте и Сара Певе. Иако две шанси за медали во пливање веќе се испуштени, портпаролот на германскиот олимписки тим Кристијан Келер оптимистички гледа на претстојните натпревари: “Треба само да се помисли дека овде нашите претставници испливаа 6 свои најдобри резултати. Ние веќе нешто постигнавме и по малку е штета што однадвор така се гледа на работите. Во тимот имаме одлична атмосфера и верувам дека ќе ви докажеме дека грешевте”, им порача тој на претставниците на печатот.

Германскиот сојузен претседател Хорст Келер, кој во Атина се покажа како воодушевен приврзеник на олимпискиот спорт, предупреди да не се врши натамошно оптоварување на спортистите во врска со билансот на освоени медали по релативно слабиот старт: “Не би требало сега нашите спортисти и дополнително да ги ставиме под притисок со тоа што секој половина час ќе прашуваме: дали е ова сега еден освоен или загубен медал? И самото учество овде е огромно признание и доказ за квалитетот”.

Американскиот претседател Џорџ Буш, пак, го поздрави учеството на спортисти од Ирак и Авганистан на игрите во Атина и, така да се каже, “ја сврте водата на своја воденица”: “На свеченото отворање тимот на САД маршираше заедно со мажи и жени од Авганистан и Ирак, нации кои до пред 4 години знаеја само за тиранија и репресија. Бидејќи светот дејствуваше смело и разумно, тие нации се слободни и нивните спортисти се натпреваруваат на олимписките игри”, рече покрај другото Буш во редовното обраќање до нацијата преку радиото.