1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ-СПЦ

25 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BM08

Македонската власт е подготвена да дозволи изградба на храм на Српската Православна Црква во Македонија под водство на Јован Вранишковски , под услов , Македонците во Србија да добијат Македонска православна Црква – изјави претседателот на Здружението на Македонците во Војводина Драган Велковски за српскиот весник Граѓански лист. Тој истакнува дека оваа порака ја носи од состанокот на министерството за надворешни работи во Скопје , но не може да каже дали овој предлог и официјално е пратен во српското министерство. Велковски во изјавата за граѓански лист потсетува дека пред три години побарал дозвола Македонците да изградат црква во близина на Нови Сад , но оти не ја добил до денешен ден бидејќи СПЦ не ја признава МПЦ .