1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моќта на медиумите – ново “оружје” на киднаперите

27 август 2007

Киднаперите во Авганистан се повеќе користат видео пораки со цел да изнудат пристисок во јавноста преку кој ќе им се исполнат барањата. Дали користењето на моќта на медиумите е новата тактика на киднаперите?

https://p.dw.com/p/BWPD
Терористи снимаат видео порака со заложнициФотографија: dpa

Се одеше многу брзо во случајот на киднапирање на Германката Кристина М. во Авганистан. Ослободена беше за само ден и половина. Непосредно по грабнувањето на 31 годишната Германка од ресторан во Кабул во саботата, полицијата веќе имаше трага до киднаперите и спроведе голема акција со која спречи тие да го напуштат градот. Неверојатно брзо веќе во неделата попладне следеше и првиот знак дека киднапираната е жива. Грабнувачите и покрај тоа што беа во бегство и се трагаше по нив, снимија видео порака со Кристина М и и ја дадоа на авганистанската приватна телевизија Толо.

ТВ каналот со седиште во дипломатскиот кварт во Кабул го презентираше видео клипот како ексклузивна вест. Го емитуваа во цела должина. На него се појавија Германката и еден од грабнувачите. Кристина М. испрати порака на дари, еден од локалните јазици. Наведувана што треба да каже и туркана од грабнувачот чија глава беше обвитката со турбан, а лицето му беше покриено.

Видео пораката беше јасен обид, со слика од киднапираната да се разбудат чуствата во јавноста и да се направи јавен притисок за исполнување на нивните барања. Еден од грабнувачите побара да се ослободат членовите на нивната криминалната група. Барање кое авганистанската влада категорично одбива да го исполни во сите случаи на киднапирање.

Надеж дека со притисок од јавноста ќе им се исполнат барањата имаат и киднаперите во случајот со грабнатиот 62 годишен германски инжинер Рудолф Б. Постојано во медиумите се испраќаат пораки дека е жив. Сите секако се проследени со одредени барања. На крајот на јули телевизијата Ал Џезира емитуваше видео порака на која се гледаат Германецот, неговите колеги и грабнувачите.

И во таа порака киднаперите бараа ослободување на затворените талибански борци и повлекување на трупите. Во меѓувреме се бараат повеќе пари за неговиот откуп. Експертите не исклучуваат дека зад киднапирањата не стои талибанското водство туку локална група без политички мотиви. Во изминативе недели киднаперите аранжираа повеќе телефонски разговори меѓу новинари и Рудолф Б. Последниот беше во неделата со новинарите на германската телевизија АРД, во Кабул. Инжинерот повтори дека му е влошено здравјето, побара поголем ангажман на германската амбасада и праша зошто не им се исплаќаат парите кои за откуп ги бараат киднаперите. Според набљудувачите ова е нов обид на киднаперите за продолжување на преговорите, како и со помош на емотивни апели да ја зголемат цената за ослободување на киднапираниот инжинер кој го држат повеќе од еден месец.

Од 2001 година до сега имаше многу случаи на киднапирање во Авганистан, но не толку како во изминативе месеци во кои жртви се странци. Тоа е нова тактика на криминалните банди и на Талибанците, смета авганистанскиот експерт за безбедност, Харун Мир.

“За време на конфликтот со Русите немаше ниту еден случај на киднапирање. Руските семејства сосема нормално функционираа во Кабул. Тоа е нов феномен кој се појави по нападите во САД од 11 септември 2001 и војната во Ирак. Ал Каида ги наметна и во Авганистан своите визии и тактики. Иако тие се против традиционалните и религиозни авганистански вредности. Киднапирање, а особено убиство на заложници се кршење на овие вредности”.

Талибанците до сега убија двајца јужнокорејски заложници од групата која беше киднапирана пред повеќе од еден месец. И во случајот на преостанатите 19 заложници, киднаперите со видео пораки и драматични апели преку телефон се обидуваат да изнудат притисок од јавноста за да им се исполнат и во овој случај големите барања – ослободување на заробени Талибанци.

Но, на почетокот од годинава се покажа што може да предизвика голем притисок од јавноста. Спектакуларното киднапирање на италијанската новинарка Мастроџакомо предизвика владина криза во Италија, но сепак авганистанската влада под притисокот од Рим ослободи неколку високо рангирани Талибанци.