1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моја Европа: Што ги поврзува Давос и изборите во Европа

Раду Магдин
26 јануари 2019

Европската политика мора да се подготви за последиците од четвртата индустриска револуција, смета романскиот политички аналитичар Раду Магдин. Во спротивно би можеле да се обистинат најстрашните очекувања.

https://p.dw.com/p/3CCRm
Europa-Gastkolumnist Radu Magdin
Фотографија: Privat

Во вакви несигурни времиња светот, особено Западот се соочува со тешката задача да најде одлучен одговор на безобѕирните антидемократи и претставници на „илибералната демократија". Мора да се брани она што е вредно и да се смени тоа што гласачите го чувствуваат како дефектно. Мора да се постават нови рамки за прилагодување кон новата реалност настаната како последица на четвртата индустриска револуција, а тоа треба да биде и централна тема на европските избори во мај годинава.

Заради тензичната состојба во татковината ниту Доналд Трамп ниту францускиот колега Емануел Макрон не беа на Светскиот економски форум во Давос. САД и Франција мора да учествуваат кога се работи за тоа да се најдат глобални решенија за последиците на четвртата индустриска револуција. Ако владите не се интересираат доволно за подготовка за иднината, најстрашните очекувања во однос на демократијата би можеле да се обистинат.

Потребен ни е нов Социјален договор

Во светот на економијата особено им се восхитуваат на оние кои развиваат иновации и кршат табуа. Во политиката реалноста изгледа сосем поинаку: оние кои го доведуваат во прашање статусот кво имаат поголема веројатност да се сметаат за недоверливи, особено затоа што мејнстрим политичарите имаат проблем со тоа да ги поврзат инспиративните активности со прозаичниот акт на владеење. Еден пример за оваа дилема е најмладото политичко чудо во Европа, Емануел Макрон. Од друга страна стојат постојаните закани од популистите кои неуморно се обидуваат да изнајдат нови начини за да ги прошират своите пораки. Тоа е исто како „руски рулет“: нашите демократски држави со секои избори стануваат се’ послаби поради тоа што не се преработува социјалниот договор. Полека, но сигурно, ги губиме антителата со кои во 20. век беше овозможен напредокот. Мрачните сили активно бараат пробив. Во моментов нивните шанси за успех се исклучително мали, иако постојано растат. Тоа е една херкулеска задача, да се спојат радикални промени со инклузивност – двете треба да се инкорпорираат во новиот социјален договор. Се прави премалку за повторно да се изгради основата на нашиот демократски поредок.

Самобендисана рамнодушност веќе не доволно. Сите актери кои беа во Давос и секој еден политичар кој се подготвува за кандидатура на европските избори во мај, треба да ги земе предвид овие основни принципи.

Економијата треба да е во служба на општеството

Глобализација 4.0 не функционира за сите. Иако севкупните бројки покажуваат позитивен тренд, ако се анализираат подетално ќе се види голем степен на хетерогеност. Ние толку многу зборуваме за нерамномерност, а нашите концептуални алатки се’ уште се заслепени од принципот на просек - тоа е парадоксално. Од клучно значење е да се препознае потенцијалот на таканаречените „губитници на глобализацијата". Економијата не функционира независно од политиката, без разлика дали на национално или на глобално ниво. Ставот дека елитите треба да ги натераат граѓаните да ги прифатат сценаријата, кои во суштина се против нивните интереси, е отфрлена од реалноста. Економијата мора да се стави во служба на граѓаните - тоа треба да биде централна тема на нашите демократии.

Други колумни од авторот:

Дали Макрон и Источна Европа ќе најдат заеднички јазик?

Моја Европа: Повратете си ја ЕУ- пред Бенон да ја приграби

Се’ уште постои загрижувачно непознавање и игнорирање во однос на иднината и работата, како и поврзаноста помеѓу работата и смислата на животот. Во позадина на автоматизацијата мора да се запрашаме: какви алтернативи постојат за оние чии работни места со голема веројатност ќе бидат бидат жртва на новиот технолошки развој? Што може да направиме за да им се најде место во нашето се’ поизолирано општество, во кое луѓето се’ построго се оценуваат меѓусебно?

Функционална социјална безбедносна мрежа носи поголема подготвеност за преземање ризик и иновации

Мора да прекинеме со тоа да ги подготвуваме луѓето за работни места од минатото. Не станува збор за вакви или онакви квалификации – за 20 години и овие секако ќе бидат застарени – туку многу повеќе за флексибилност и адаптација. Со градење на вистински безбедносни мрежи туѓето треба да се поттикнат да преземаат ризик и да развиваат иновации.

Крајно време е за една фер и инклузивна дебата за финансирање на нов Социјален договор. Програмите за нерамномерност и финансиско-политичка оптимизација станаа товар на демократијата. Тоа се потврди и на форумите кои ги споија националните и локалните влади, како и концерни, граѓани и претставници на „третиот сектор“ – невладини и непрофитни организации. Промена на поствоените услови би било корисно: кон разбирање на политичката, социјалната и економската динамика, што на крајот ги придвижи највисоките „проповедници“ на слободниот пазар да ја проголтаат таблетата на еден робустен социјален систем. Инаку внатрешните проблеми на нашите демократски општетства само ќе ја продлабочуваат глобалната конкуренција, а со тоа и застрашувачката несигурност што не’ опкружува.

Раду Магдин е романски аналитичар и политички советник. Меѓу другото им бил советник на премиерот на Романија (2014 – 2015) и премиерот на Репубика Молдавија (2016 – 2017). Од 2007 до 2012 година работел во Брисел за Европскиот парламент, ЕурАктив и Гугл. Тој е дел и од работната група на нови лидери НАТО Атлантскиот совет на САД.