1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва предупредува од тензии во Донбас

СН/ агенции
1 септември 2018

По атентатот врз сепаратистичкиот лидер Александар Захарченко, Кремљ очекува нови борби во воената зона на источна Украина. Портпаролот на претседателот Путин го нарече атентатот "провокација".

https://p.dw.com/p/348iH
Alexander Zakharchenko Sachartschenko Ukraine Kleinrussland
Фотографија: Imago/Tass

Убиството на Алаександар Захарченко, прорускиот лидер на истокот на Украина претставува провокација и го поткопува мировниот процес, истакна денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа без сомневање е провокација. Смртта на Захарченко во секој случај ќе ги зголеми тензиите во регионот“, рече Песков.

Тој уште оцени дека убиството ќе му наштети на мировниот процес покренат со договорите од Минск во 2015 година под покровителство на Германија и на Франција.

42-годишниот лидер на проруските бунтовници во областа Доњецк загина вчера во експлозија во ресторан во центарот на Доњецк.

Повеќе:

-Киев забрзува поделба на Украина

-Украина: Безизлезната и невидлива војна во Донбас

-Москва не ја пушта Украина од своите стеги

Alexander Sachartschenko Separatistenführer 22.01.2015 Donezk
Фотографија: picture-alliance/dpa/TASS/M. Sokolov

Александар Захарченко беше претседател на самопрогласената Доњецка Народна Република, чии воени сили, заедно со самопрогласената проруска република во Луганс се борат против украинската војска од 2014 година. Во тој судир досега загинаа повеќе од 10 илјади луѓе.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захаррова пак изјави дека овој настан го доведува во прашање целиот мировен процес. Таа рече дека постојат сите причини да се верува дека украинската влада е одговорна за овој напад.

Рускиот претседател Владимир Путин им изрази сочувство на жителите на Доњецк во соопштение објавено синоќа и оцени дека Захарченко е „вистински народен водач“ и храбра и решителна личност“.

„Подлото убиство на Захарченко е уште еден доказ дека тие кои го одбраа патот на теророт, насилството и стравот на се во потрага по мирно и политичко решение на судирот“, додаде Путин алудирајќи со тоа на украинските власти.