Москва: главен град на лизгањето
16 декември 2012Лизгање директно пред Кремљ и пред Мавзолејот на Ленин. Во советските времиња тоа беше незамисливо, но денес е многу популарно. Овие московјани подранија за да бидат меѓу првите годинава и да ги избегнат турканиците на лизгалиштето.
„Ова е срцето на Москва и мене ми се допаѓа тоа што тука има една мешавина на модерен стил и историски градби“.
„Порано имаше лизгалиште пред секоја куќа. За децата тоа беше одлично и сите уште од рана младост знаеја да лизгаат. Затоа кај нас лизгањето се смета за народен спорт“, велат дел од граѓаните кои меѓу првите го испробаа новото лизгалиште.
Во Москва има повеќе од 1.500 лизгалишта, меѓу нив и најголемото во Европа во паркот Горки, кое претставува 18 илјади квадрати вештачки мраз. Лизгањето тука е традиција веќе 70 години. Порано се лизгало на замрзнатите патеки во паркот. Денес паркот Горки е едно од најпопуларните места во градот.
„Прекрасно е да се дојде овде со пријателите. Мнозинството млади луѓе сакаат зимските ноќи да ги минат токму овде. Тоа е забавно“, вели еден посетител.
Вештачкиот мраз се одржува до плус 15 степени Целзиусови. Лизгалиштето во паркот Горки е отворено до март. Доволно време за московјаните да покажат што знаат.