Монхаупт – ослободување
25 март 2007Реклама
Бригите Монхаупт, поранешна терористка и една од водечките личности во поранешната екстремна левичарска Фракција на Црвената Армија, е ослободена од затвор по 24 години. Судот во Штутгарт во февруари донесе решение останатиот дел од казната Монхаупт да биде условен. Монхаупт во 1977 година учествуваше во киднапирањето и убиството на претседателот на германските работодавачи, Ханс Мартин Шлајер, како и во убиството на генералниот обвинител, Зигфрид Бубак и банкарот Јирген Понто. Ослободувањето на екс-терористката во Германија е контроверзно, со оглед на тоа што Монхаупт досега јавно никогаш не изразила жалење за нејзините дела.